еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Бугарската црква ќе ја признае МПЦ како „Православната црква во Република Северна Македонија“, не како Охридска архиепископија

Светиот синод на Бугарската православна црква (БПЦ) на својата редовна седница под претседателство на бугарскиот патријарх Неофит донел одлука „за признавање на томосот со кој Српската црква ѝ дава автокефалност на Македонската православна црква“, објавија бугарските медиуми.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, според овие написи, Синодот на БПЦ смета дека МПЦ-ОА треба да се нарекува „Православна црква во Република Северна Македонија“.

Според медиумите, бугарскиот патријарх Неофит во своите диптиси на Божик ќе го вклучи и името на архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан, но како „архиепископ скопски Стефан“, бидејќи БПЦ „не ја признава титулата со која што вселенскиот патријарх Вартоломеј ги прими во литургиско сослужување архиепископот Стефан и МПЦ“.

Бугарскиот црковен сајт doxologiainfonews.com наведува дека Синодот на БПЦ го оспорува името на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, бидејќи според Статутот на БПЦ „правен наследник на Охридската архиепископија е Бугарска патријаршија“.

На заседанието на Синодот, не било разгледано прашањето за признавање на автокефалноста на Православната црква на Украина доделена од Вселенската патријаршија.

Медиуми во Софија ги критикуваат ваквите ставови на членовите на Синодот на БПЦ оценувајќи дека тие најверојатно се усвоени под влијание на раководителот на Одделот за надворешни работи на Московската патријаршија, митрополитот волоколамски Антониј, кој минатата недела престојувал во посета на Софија и неколку епархии во Бугарија.

Според овие написи, митрополитот волоколамски Антониј воедно на неколку митрополити од бугарскиот Синод „им дал инструкции“ да не ја признаваат Православната црква на Украина и томосот за нејзина автокефалност издаден од вселенскиот патријарх Вартоломеј.

Дописникот на МИА од Софија јави дека се очекува Бугарската патријаршија да излезе со официјално соопштение за заседанието на Синодот и за донесените одлуки.

Инаку, по одлуката на Вселенската патријаршија за примање во канонско единство на МПЦ-ОА, БПЦ во јуни годинава реши да ја признае нашата Црква и влезе во канонско единство со неа.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Горивата поевтинуваат: Бензините за два денари, а дизелот за денар ипол

Редакција

(Видео) „Не верувајте во пропагандата, ве лажат за војната„: Уредничка во руска телевизија упадна во етер со транспарент

Редакција

Вакцинирани околу 75% наставници, околу 2% ученици следат онлајн-настава

Редакција