еМагазин
Image default
Локално

Бидете внимателни: Три лица од демирхисарско измамени од битолчанец за наводно извршување услуги

Три лица од демирхисарско на возраст од 30, 23 и 36 години завчера во СВР Битола пријавиле дека биле измамени од В.М. од с.Горно Оризари, битолско, за суми од 118.000 денари, 20.000 денари и 21.000 денари.

Како што информираат од МВР, според пријавеното, во периодот од јули 2021 година до пријавувањето, лицето им ветувало дека ќе им посредува во извршување на различни услуги и за тоа од нив барал надомест. Како што е пријавено, тие му ги дале парите, но услугите не биле завршени и лицето не им се јавувало на повиците.

Од МВР посочуваат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Полицаец нападнат пред казино во Скопје

Редакција

МВР „растури“ свадба во Арачиново со 200 гости

Редакција

Малолетна кавадарчанка обљубена од малолетен роднина 

Редакција