еМагазин
Image default
Локално

Во еден ден пронајдени две неексплодирани гранати од Првата светска војна

На 23.03.2019 година во 08,35 часот во СВР-Битола, Л.А. од с.Лажел, пријавил дека во дворот од неговата куќа пронашол една стара неексплодирана артилериска граната калибар 75мм од Првата светска војна.

Од страна на пиротехничар од Дирекција за заштита и спасување, експлозивната направа била подигната за понатамошна постапка.

На 23.03.2019 година во 14,30 часот во СВР-Битола, Љ.Б. од с.Крклино-битолско, пријавил дека во нива лоцирана на 300 метри од стара Кукуречанска раскрсница, при изведување земјоделски работи пронашол една неексплодирана артилериска граната калибар 155мм од Првата светска војна.

Од страна на пиротехничар од ДЗС, експлозивната направа е подигната за понатамошна постапка.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Тешко повредено петгодишно девојче по удар од моторицкл

Редакција

Се уште активен пожарот на Скопска Црна Гора

Редакција

Прилепчанка продавала пиротехника под тезга

Редакција