еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Многу луѓе измамени: Пановски злоупотребен во реклама за чај, кој се продава заради фабрикувана препорака од докторот

Името на професор доктор Никола Пановски се појави во лажна и непостоечка препорака, која беше злоупотребена за да се продава чајот Паразол, пишува Слободен печат.

Како што пишува овој медиум, за овој чај во јавноста има огромен јавен интерес, затоа што, со комплетно фабрикувано интервју на Пановски истиот се продава за висока цена.

Опасноста по јавното здравје е голема, бидејќи во некои од овие реклами се изнесуваат и тврдења дека чајот Паразол е подобар од специјалните хемиски лекови против паразити.

Пановски ангажираше адвокатка и ќе тужи со помош на неколкумина сведоци кои што се согласиле да сведочат пред суд, зашто производот го купиле баш поради исфабрикуваната „препорака” во која беше вмешан Пановски.

Тој веднаш го пријавил случајот во одделот за компјутерски криминал во МВР.

„Паразитите се исклучително ретки во градска средина. Со чај секако не можат да се исфрлат, туку со лекови (антихелминтици) кои се докажани во клинички испитувања, кои се регистрирани и се употребуваат со децении.

Тие лекови ги препишува лекар на рецепт, само и исклучиво по доказ за присуство на паразитите и нивниот вид. Болестите со црви во развиениот свет се извонредно ретки.

Ако се јават, даваат карактеристични симптоми и карактеристични промени во крвната слика. Се докажуваат јајченца или цисти од паразити во лабораторија. Доказ за излекување е исфрлање на мртвите црви и тении во изметот,“ изјави доктор Пановски.

Според пишувањата на „Слободен печат“, Паразол не е регистриран  во Агенцијата за храна и ветеринарство како „додаток во исхраната”, а дури и кога би бил, не би смеело да му се припишуваат својства на лек при рекламирањето, бидејќи тоа е недозволено за чај од пет тревки.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Нема реакција на надлежните за злоупотребата на името на доктор Пановски, тој со нов апел

Доктор Пановски: Не рекламирам ни чај за паразити, ниту некогаш ќе рекламирам некој лек

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Денеска сончево и ветровито време

Редакција

(Фото) Монасите и монахињите од Бигорски, Рајчица, Кнежино и Пречиста се вакцинираа против Ковид-19

Редакција

52 % од девојчињата на 15-годишна возраст страдаат од од повеќе психосоматски симптоми истовремено

Редакција