еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

(Фото) Нов брендинг на Халкбанк инспириран од македонската традиција

Убавината на традицијата, археологијата и уметноста се инспирација на нашето корпоративно брендирање. Инспирирани од традицијата, археологијата и уметноста, со графички израз и современ пристап, ја пренесуваме пораката за вистинските вредности и важноста за нивната афирмација – стои во пораката за празничниот брендинг на банката, велат од Халкбанк.

По повод претстојните Новогодишни и Божикни празници, Халкбанк АД Скопје уште еднаш ја покажа на дело својата максима – Важни се луѓето. Бирајќи соодветен корпоративен материјал, банката со посебен пиетет се осврна кон македонската уметност, традиција, археологија, посочуваат од таму.

Така се роди идејата за специјален брендинг (сет од хартиената ќеса, календар и тефтер) со мотиви од македонската народна носија од различни краишта, археолошки артефакти, од орото „Тешкото“, од народната песна „Билјана платно белеше“.

Една од главните инспирации се и делата на доајените на македонската ликовна уметност: Никола Мартиноски, Борко Лазески, Димитар Кондовски.

Корпоративниот сет наменет за деловните партнери, клиентите и пријателите на Халкбанк ја продолжува приказната чија основа е слоганот „Важни се луѓето“, овој пат надграден со многу силна порака за важноста и почитувањето на заедничките вредности и традицијата, велат од таму.

„Еден од најважните елементи на секое општество е неговата култура и традиција. Убавината на традицијата, археологијата и уметноста се инспирација на нашето корпоративно брендирање.

Инспирирани од традицијата, археологијата и уметноста, со графички израз и современ пристап, ја пренесуваме пораката за вистинските вредности и важноста за нивната афирмација. Да ги почитуваме и сочуваме нашите заеднички културни вредности,“ стои во пораката на материјалите со кои Халкбанк ги честита престојните празници.

Брендингот е авторски проект на маркетинг агенцијата Ефектива, која со години работи во доменот на зачувување и афирмирање на уметноста, но и на едуцирање и градење публика што ќе ги цени и препознава уметничките вредности.

-Халкбанк АД Скопје е најбрзорастечка банка во Македонија и една од петте најуспешни. Таа е значајна и како компанија која има цврста корпоративна политика со јасна визија за поддршка на општеството и вистинските, трајни вредности.

Многу од нејзините платформи се однесуваат на едукацијата на децата, на подигнување на еколошката свест, поттикнувањето на здравиот живот и спортските навики, а во тек е и големата кампања за поддршка на возрасните лица „Да ги слушнеме и гушнеме“, која акцентот го става на меѓугенерациското поврзување во една заедница.

И годинава, во пресрет на Новогодишните и Божиќните празници, Халкбанк потсетува на клучната порака – Важни се луѓето!, велат од Банката.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Водичот „Византиското наследство на Скопје“ е предизвик за сите посетители

Редакција

Светска премиера на филмот „Ефтеркланг: Македониум бенд“ во продукција на МКЦ на фестивалот „CPH:DOX” во Копенхаген

Редакција

(Видео) Range Rover го претстави целосно новиот Evoque

Редакција