еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Извозот на руски гас во Европа на најниско ниво во постсоветскиот период

Извозот на руски гас во Европа во 2022 година падна на најниско ниво во постсоветскиот период, откако најголемиот купувач го намали увозот поради конфликтот во Украина, а главниот гасовод беше оштетен од експлозии.

Извршниот директор на Гаспром, Алексеј Милер изјави дека извозот надвор од територијата на поранешниот Советски Сојуз оваа година ќе достигне 100,9 милијарди кубни метри гас, објави компанијата.

Во таа сума е вклучен и извозот во Кина преку гасоводот Моќта на Сибир, преку кој Гаспром минатата година испорача 10,39 милијарди кубни метри гас. Тоа е пад за повеќе од 45 отсто во однос на 185,1 милијарди кубни метри гас извезени во 2021 година и еден од најниските од распадот на советската држава во 1991 година .

Претходното постсоветско најниско ниво на извоз на Гаспром, кое компанијата го дефинира како продажба на гас во „далечно странство“, беше во 1995 година и изнесуваше 117,4 милијарди кубни метри, според податоците на Гаспром експорт.

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Починатиот пациент со коронавирусот од Делчево имал претходни заболувања

Редакција

Трамп повторно ќе може да се кандидира за претседател на САД, импичментот неуспешен

Редакција

Шпанија ја поддржува евроатлантската перспектива на Западен Балкан, порача шефот на шпанската дипломатија од Скопје

Редакција