Претседателот на Основен Кривичен суд Скопје, Иван Џолев, на денешната седница на Судскиот совет по изборот во 2017 година, беше одново избран за претседател.
Тој беше и единствениот пријавен за оваа позиција, потврдуваат од Судскиот Совет за МИА.
По вторпат, исто така, беше избрана и Емел Кранли Али, за претседателка на Основниот суд во Ресен.
Освен во Скопје и Ресен, на денешната седница треба да се изберат претседатели на Основните судови во Тетово и Виница.
Судии на денешната седница треба да се бираат и за Апелациониот суд во Гостивар, како и Кривичните судови во Скопје и Штип.
МИА/Фото: МИА
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.