еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Какво време не очекува за новогодишната ноќ

За време на новогодишната ноќ времето ќе биде претежно ведро и тивко, а по котлините ќе има појава на магла или ниска облачност.  Минималната температура во сабота ќе биде во интервал од -4  до 4, а максималната ќе достигне од 9 до 16 степени, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Оттаму посочуваат дека продолжува периодот на стабилно и претежно тивко време со релативно високи дневни температури. По котлините ќе има појава на магла или ниска облачност со променлив интензитет и пониски дневни температури. Особено топло ќе биде на повисоките места за време на викендот и во почетокот на следната седмица.

Во недела, на првиот ден од новата 2023 година, минималната температура ќе се движи во интервал од -4  до 5, а максималната ќе достигне од 10 до 17 степени.

На почетокот на следната седмица, како што велат од УХМР, времето ќе биде особено топло на повисоките места. На 2 јануари (понеделник) минималната температура ќе биде во интервал од -3  до 5, а максималната ќе достигне од 10 до 18 степени.

Фото: Град Скопје

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Најмногу дожд наврна во Тополчани, Струмица и Крушево: И денеска нестабилно време со пороен дожд, грмежи и засилен ветер

Редакција

Стандард и Пурс го потврди кредитниот рејтинг на Македонија, ББ- со стабилен изглед: Денарот е стабилен, банкарскиот сектор соодветно капитализиран

Редакција

(Галерија) 100 години Пивара Скопје: 100 години традиција, развој и партнерство со заедницата

Редакција