Од денеска Хрватска е членка на Шенген зоната и ќе го користи еврото.
Со влегувањето во најголемата безгранична област во светот, се укинуваат граничните контроли на сите нејзини граници со земјите од ЕУ, додека границите со Црна Гора, Србија и Босна и Херцеговина стануваат надворешни граници на ЕУ.
Со влегувањето на Хрватска во еврозоната хрватската куна синоќа на полноќ и формално беше заменета со евро.
Фото: Унсплеш
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.