еМагазин
Image default
Забава ТОП СТОРИИ

(Видео) Во пресрет на Бадник и Божик, објавена третата верзија на песната „Вечниот Бог“

Во пресрет на Бадник и одржувањето на Бадниковите поворки, објавена е третата верзија и спотот на божикната песна „Вечниот Бог“. Официјалната промоција на песната и спотот ќе се одржи утре на градскиот плоштад „Македонија“ во Скопје, во рамки на малиот божикен концерт што ќе и’ претходи на Бадниковата поворка.

-Создадовме дело што треба да го предизвика вниманието на новата генерација деца, на коишто имаме света должност да им ја пренесеме нашата православна традиција на празнување Бадник и Божик, онака како што нашите претци ни ја оставиле нам во предание.

Едноставноста на амбиентот и скромната трпеза во спотот, сведочат за вистинските вредности на Христијанинот и за миг ни ги ослободуваат сетилата од пренатрупаноста на секојдневието, за да можеме да го почувствуваме Божик во срцето, да се Роди Христос во јаслите на нашите души.

Низ ова визуелно дело, ги поучуваме нашите деца, наместо кон обилна телесна гозба, да стремат кон ангелската храна, кон слатката гозба на верата, на правдата, на христијанската радост. Па така, на Божик, да ги посетиме и прегрнеме ближните, заборавените, немоќните, да споделиме, да си простиме, порачуваат во соопштение од Здружението „Бадникови поворки“.

Теретата верзија на „Вечниот Бог“ снимена месецов е во режија на Дејан Пројковски, Горан Наумовски – директор на фотографија и Стојан Стојановски – камера и монтажа, а во изведба на Антониа Гиговска, Ламбе Алабаковски и Златно славејче.

Останатиот дел од екипата која беше дел од создавањето на ова аудио-визуелно дело се актерите Крсте Јовановски, Петар Мирчевски и Валентина Грамосли, Лука Николоски, Јордан Цветкоски, Теофанија Костоска, Јустина Петреска, Лука Аритоновски, Петар Танески, Јована Блазеска, Теодора Бпреслиева, Марија Филипов Илиева, Ристе Филипов. Аранжман и оркестрација – Владимир Димовски.

Владимир Цветковски – виолина, Владимир Димовски – виола, Кирил Јосифов – виолончело, Митко Иванов – контрабас, Иван Еминовиќ – клавијатури и синтисајзер, Симона Богоевска – харфа, Кристина Љушкоска – флејта, Петар Христов – сопран, саксофон, алт саксофон, Мојца Седеу – тимпани, чинела. Хор – Златно славејче.

Бадниковите поворки со почеток во 10 и 11 часот утре ќе се одржуваат во 62 градови и населени места во државава.

Фото: Фејсбук/Бадникови поворки

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Распишана меѓународна потерница по Вања Ѓорчевска: Интерпол се вклучи во потрагата

Редакција

Бројката на заразени од корона вирусот во светот надмина осум милиони

Редакција

Прекршочни мерки за гинеколог, доктор и Битолската болница за случајот со починатото новороденче

Редакција