Општина Тетово на својата интернет страница објави Правилник за утврдување на висина и исплата на надоместок за штета од каснување од бездомни кучиња како спогодбен начин на обесштетување без да се оди на суд.
Според Правилникот секој граѓанин кој ќе биде повреден од бездомно куче ќе добие предлог за спогодба и можност за надоместок од 30 до 100 илјади денари во зависност од тоа колку ќе определи Комисија.
Има критериуми за утврдување на надоместокот по кои ќе се раководи Комисијата, при што материјалната и нематеријалната штета за повредени се проценува врз основа на видот на каснување (5, 10 или 15 поени), бројот на каснување, степен на претрпен страв, возраст и последици кои настанале од каснување, (а-нагрденост и б-нарушување на психичката состојба од претрпениот страв)…
Информацијата предизвика лавина од реакции на социјалните мрежи, а еве дел од твитовите:
А колку поени има едно куче за трошење пред да плати оштета?
— абеостај (@kuznekakoe) January 18, 2023
Скенирање фискални, собирање поени ако те ксне куче… Планирам да се вратим назад
— Persona non Plata (@bojankuk) January 18, 2023
Скопско куче дава поени или да мењам документи на скопски?
— Јепир (@jepirovski) January 18, 2023
Ќе има поклон нешто за првиот што ќе ги собере сите поени од каснување на куче?
— 100Marki (@100deutschemark) January 18, 2023
Во блиска иднина во Тетово на шалтер.
– Здраво, собрав поени од каснување на куче, па да ме исплатите.
Аааа ти фали административна такса дечко.
– Ама…
СЛЕДЕЕЕН!— На Твитер најубавиот (@natwnajubaviot) January 18, 2023