еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

61-годишен маж од Старо Нагоричане пронајден мртов по пожар во неговиот дом

Средовечен маж од село Руѓинце, општина Старо Нагоричане е пронајден мртов во неговиот дом. Полицијата констатирала дека настанал пожар, а лекарите дека смртта настапила без траги на насилство, соопшти денеска СВР Куманово.

– Вчера во 15:43 часот во СВР Куманово било пријавено дека во домот во село Руѓинце, општина Старо Нагоричане, бил пронајден починат Л.С.(61).

По овластување на јавен обвинител, полициски службеници извршиле увид и било констатирано дека собата била исчадена, а починатиот бил пронајден изгорен во креветот од пожар, кој настанал од неизгасена цигара.

Смрт без траги на насилство констатирал лекар од Итна медицинска помош, соопшти СВР Куманово.

По наредба на обвинителот, телото на починатиот било дадено на семејството.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Во живо од „отварањето“ на плажите во Грција: Корона вирус, што беше тоа?

Редакција

Децата со три дози ДиТеПер вакцина од понеделник може да се вратат во градинките

Редакција

Што пишува во биографијата на Фатмир Бесими, старо-новиот министер за финансии

Редакција