еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Македонија на 85. место според индексот на корупција на Транспаренси интернешенел

Македонија e рангирана на 85 место меѓу 180 земји во светот според Индексот за перцепција на корупцијата за 2022 година на Транспаренси интернешенел.

Во однос на лани земјава напредувалата за една позиција. Македонија има 40 поени на скалата на која 0 означува најкрумпирана, а 100 најмалку корумпирана земја.

Од државите во регионот, најдобро позиционирана е Словенија на 41 место, Грција е 51, Црна Гора 65, Бугарија 72, Косово 84, Србија е 101, а Босна и Херцеговина е на 110 место.

Најмалку корупција, според Транспаранси интернешенел, има во Данска, Финска, Нов Зеланд и Норвешка, а најкорумпирани земји во светот се Јемен, Либија и Северна Кореја.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(ВИДЕО) Среќен роденден, Тоше!

Редакција

Власта крати 140 милиони денари од студентите, велат од Левица

Редакција

Двојните избори годинава граѓаните ќе ги чинат најмалку 15 милиони евра

Редакција