еМагазин
Image default
Македонија

Одбиени барањата на одбраната на Груевски за изземање на судечкиот совет и в.д. претседателката на Апелација

Одбиени се барањата за изземање на судечкиот совет и в.д. претседателката на Апелација Лидија Димчевска, што ги поднесе одбраната на осудените во „Тенк“, Никола Груевски и Ѓоко Поповски.

По соопштувањето на овие одлуки, јавната седница на Апелација на која се одлучува по жалбите за затворските казни на Груевски и Поповски, повторно е прекината.

Адвокатот Стерјо Зиков овојпат побара изземање на судијата известител Тања Милева бидејќи, како што наведе, таа била избрана во времето кога СДСМ формирала Влада, а СЈО ги отворило предметите за кои водеше истрага. Според Зиков, ако  остане, судијката Милева ќе биде пристрасна. Зиков рече дека Милева е сопруга на Игор Милев кој беше кандидат за градоначалник на Радовиш од СДСМ, беше член на ДИК од СДСМ, а сега е советник на директорот на Царинската управа.

Претседателката на судечкиот совет Цветанка Периќ повторно даде пауза за да се достави барањето на Зиков за изземање на Милева до в.д. претседтелката на Апелација Лидија Димчевска.

За случајот „Тенк“, поранешниот премиер Никола Груевски како поттикнувач за извршување на делото е осуден на две години затвор, а поранешниот помошник министер во МВР Ѓоко Поповски на шест години и шест месеци затвор.

МИА/Фото: Фејсбук/Груевски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Рекордни бројки: Референдумот ќе го следат 11.907 домашни и 493 странски набљудувачи

Редакција

За директорот на ДЗС, Симовски е небитно дали попишувачите се вакцинирани

Редакција

40 интелектуалци од Европа и САД со писмо во „Гардијан“ бараат спроведување на Договорот со Грција

Редакција