Венцислав Бочварски, таткото на министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, е управител на новоформираната фирма за производство на електрична енергија “Техно Енерџи“, објави faktor.mk.
Според податоците од Централниот регистар, сопственик на новата фирма од Штип е Техноинвест Штип, претпријатие кое се наоѓа на истата адреса на која живее и Венцислав Бочварски, пишува Фактор.
Фирмата е регистрирана со почетен влог од 442.800 денари со поднесено барање за основање на 10 јануари.
Регистрирана е на 26. јануари, а дејност и е производство на електрична енергија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Твитер реакции за влегувањето на синот на Ахмети во бизнисот со струја
Фото: Општина Штип
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.