Од ноќеска на полноќ цената на дизелот и на екстра лесното масло за домаќинство ќе се намали за два денари, додека на бензините останува иста, одлучи Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).
Еуродизел БС (Д-Е V) ќе чини 80 денари за литар, екстра лесното масло 78,5 денари, Еуросупер БС – 95, 84 денари за литар, Еуросупер БС – 98 86 денари за литар, а мазутот 41,346 денари за килограм.
Со оваа одлука на РКЕ се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,98 отсто во однос на одлуката од 1.2.2023 година.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.