еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Мери Дика Георгиевска е нов претседател на Апелацискиот суд Скопје

Судскиот совет на денешната 429-та седница донесе одлука со која за вршител на должност претседател на Апелацискиот суд Скопје се определува Мери Дика Георгиевска, судија од Апелационен суд Скопје.

Судскиот совет, на денешната седница, претходно донесе одлука за престанок на судиската функција поради исполнување на услови за старосна пензија на Лидија Димчевска, која од март 2018 година беше в.д. претседател на скопска Апелација.

На седницата, било расправано и за избор на генерален секретар на Судскиот совет, но не е донесена одлука за избор, и ќе се носи на наредна седница.

Судскиот совет, информира дека на денешната седница бил разгледан и Извештајот од работна посета на Основен суд Гостивар.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Починаа уште 14 пациенти од Ковид-19

Редакција

„Франкфуртер алгемајне цајтунг“ за новите условувања од Бугарија: Барањата на Софија не припаѓаат на 21 век

Редакција

„Автонова“ го доби тендерот за набавка на две комбиња за затворот „Идризово“ вреден 49.000 евра

Редакција