еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Ковачевски очекува функционерите на Демократски сојуз да си поднесат оставка, одлуката на партијата немало да го разниша мнозинството

Одлуката што ја донесе Демократски сојуз не претставува никакво нарушување на стабилноста на владиното мнозинство, изјави денеска премиерот Димитар Ковачевски.

Премиерот рече оти очекува нивните функционери да ги поднесат своите оставки, посочувајќи на заменик министерот за локална самоуправа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Димитровски од Демократски сојуз поднесе оставка од функцијата заменик-министер за локална самоуправа

-Ме радува што Демократски сојуз кажа дека останува на европскит пат и на поддршка на такви одлуки што не можеше да се потврди до сега во пракса, освен декларативно. Видовме вчера дека пратеникот на ДС не го гласаше Договорот Фронтекс, но сепак има можност во иднина своите декларации да ги покаже и во пракса.

Очекувам нивните функционери да ги поднест своите оставки, тука пред се мислам на заменик министерот за локална самоуправа, рече Ковачевски.

Како коалициска Влада, додаде тој, остануваат отворени за сите политички партии, поединци и организации кои се за продолжување на европскиот пат на државата и за полноправно зачленување во ЕУ.

-Се надевам дека како искусен политичар господинот Трајанов нема да се доведе во ситуација како Мицкоски да стане заложник на Апасиев, рече Ковачевски, истакнувајќи дека владиното мнозинство е силно и стабилно, а реконструкцијата на Владата ќе помине со над 64 гласа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) И Демократски сојуз на Трајанов ја напушта Владата

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

До петок ќе имаме облачно и свежо време со повремен локален дожд

Редакција

Кочница придавката „македонски“ и Цар Самоил: Фијаско во разговорите на македонско-бугарската Комисија

Редакција

Топ 5 највисоки нето-плати во јули

Редакција