еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

До петок ќе имаме облачно и свежо време со повремен локален дожд

Времето утре ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб ветер од северен правец. Утринската температура ќе се движи од 6 до 14 степени, а дневната од 12 до 20 степени, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Во Скопје утре ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Утринската температура ќе достигне до 12 степени, а дневната до 18 степени.

До петок ќе преовладува променливо облачно и свежо време со повремен локален дожд.

Во четврток попладне и кон крајот на денот локално ќе има услови врнежите да бидат поројни.

Од сабота следува период на стабилно време со пораст на дневната температура, информираат од УХМР.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Потег за поздравување: Монасите од Бигорски ги спасија жителите на Гари од снежната блокада

Редакција

(Фото) МВР распиша меѓународна потерница по Сашо Мијалков

Редакција

На Света Гора од Ковид-19 починале најмалку 40 монаси, пишува грчка „Та неа“

Редакција