еМагазин
Image default
Македонија

Ковачевски ќе предложи државна награда за еден од инженерите кои се справуваа со сајбер-нападот на Фондот за здравствено осигурување

Премиерот Димитар Ковачевски смета дека именувањето на Магдалена Филиповска Грашкоска за генерален директор на Фондот за здравствено осигурување бил вистинскиот избор.

Тој ќе предложи еден од инженерите коишто работат во справување со сајбер нападите да биде одликуван со државна награда во име на сите инженери коишто се справуваат со последиците од овие напади и кои во соработка со стратешките партнери го надминаа проблемот за 14 дена, иако просекот за отстранување на ваквите последици е 24 дена.

„Ние одржавме Совет со безбедносните служби со којшто раководи премиерот, формиравме тело за справување со хибридни напади кое што има поголем број на задачи.

Тоа тело е во надлежност, односно под раководење на Бирото за јавна безбедност, во кое што учествуваат експерти од АНБ, Агенцијата за разузнавање, военото разузнавање, од МВР и коишто  работат секојдневно на спречување, меѓутоа и на градење на системи за подолгорочна заштита,“ истакна Ковачевски.

Тој најави дека во врска со сајбер-нападите наскоро земјава ќе ја посети помошникот генерален секретар на НАТО задолжен за хибридни напади, со цел да се разговара за соработката со Централата на Алијансата во справувањето со овој проблем.

Премиерот потенцира дека проблемот со сајбер нападите е поширок и тој го лоцира во некои структури кои не сакаат Македонија да има надворешна политика усогласена со ЕУ, додавајќи дека првичната истрага во однос на лажните дојави за бомби покажува „интересни податоци“, кои не може да ги коментира додека не заврши истражната постапка.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Истрагата за дојавите за бомби дава интересни првични податоци, вели Ковачевски

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Последна шанса за да се спасат односите меѓу Македонија и Бугарија, да знаеме на што сме, не може повеќе вака, вели Османи

Редакција

Германија ја потврдила поддршка за европскиот пат на Македонија, вели Османи од Берлин

Редакција

Без симптоми 588 од заразените од коронавирусот во Македонија

Редакција