еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Многу мостови низ Македонија опасни по безбедноста на граѓаните

Во државата има мостови кои се во лоша состојба и претставуваат опасност по безбедноста на граѓаните, информира директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов, на денешната конференција на тема „Состојбата со мостовите“.

-Ние само ги посетуваме и разгледуваме мостовите, доколку има видливи оштетувања за кои што не треба да бидете експерт. Ако има пукнатини на столбовите, ако има паднат столб не треба да бидете експерт за да знаете дека тој мост не е најстабилен, а можеби не е воопшто стабилен, појасни Ангелов.

Тој  посочи дека кај мостот на Башино село се прават напори за целосна санација. Додека кај мостото во село Ланце загрозена била стабилноста на мостот.

-Во село Ланце заклучивме дека градоначалникот е прилично немоќен, бидејќи станува збор за мост изграден пред педесетина години. Тука на еден од столбовите е видлива вертикална пукнатина која верувам дека се одразува врз стабилноста на мостот.

Преку овој мост минува голем број на граѓани кои ги извршуваат земјоделските обврски, затворањето би предизвикало голем проблем, но ваков каков што е не сум сигурен колку е безбеден, рече Ангелов.

ЦУК го посетиле и мостот на реката Пчиња, за кој увиделе дека е во исклучително лоша состојба.

-Стапивме во комуникација со градоначалникот од Куманово, веднаш ангажира стручни лица и го извести МВР. Ангажираа експерт од Институтот за сеизмички градби и климатски промени. Мостот мора да се санира или да се руши и изгради нов е мислењето на Институтот. Се додека не се преземат мерки за санација мостот е ризичен и треба да се забрани за користење, појасни Ангелов.

Додаде дека и состојбата со мостот во близина на село Секирник кај реката Струмица, исто така е алармантна.

-Состојбата е алармантна, столбот целосно е паднат во вода, еден столб нема, изјави тој.

Извршена била и посета на три моста кај Крива Река, за кои рече дека биле мали, но од животно значење.

-Има еден импровизиран мост. Тоа се диви мостови, не се изработени со градежна дозвола, граѓаните сами ги правеле и сите три се небезбедни, појасни Ангелов.

Исто така, Ангелов информира дека мостот во Визбегово е во многу лоша состојба и испрати апел до Град Скопје да постави импровизирана ограда.

Информира дека биле известени сите надлежни институции и ги повика граѓаните да пријавуваат било какво оштетување или нестабилност на некој мост. 

МИА/Фото: ЦУК

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Скопје добива два „легални ѕидови“ за слободно користење од уличните уметници за пишување и цртање графити, сликање мурали

Редакција

Чии пари први ќе почнат да се вртат на бројчаникот на Порта Македонија

Редакција

На 13 јануари ќе се знае дали „Медена земја“ ќе биде номинирана за „Оскар“ за најдобар документарец и странски филм

Редакција