еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Албанската православна црква го признава името „Охридска“ во називот на МПЦ-ОА

На официјалната страница на Православната автокефална црква на Албанија вчера е објавено соопштение коешто се однесува на нашето црковно прашање, објави Бигорски манастир на својата веб-страница.

-Светиот синод на Православната автокефална црква на Албанија (КОАШ), на вчерашната седница,  под претседателство на неговото блаженство архиепископот Анастасиј, повторува дека со задоволство ја поздравува одлуката на Светиот синод на Вселенската патријаршија од минатиот мај 2022 година, дека таа ги прифаќа во евхаристиска заедница јерархијата, свештенството и мирјаните на Црквата под архиепископот Стефан, стои во објавата.

Се додава дека „како име на оваа црква го признава ‘Охридска’ (што значи дека областа на нејзината јурисдикција се наоѓа само во границите на територија на државата Северна Македонија)”.

– Во меѓувреме, албанската православна автокефална црква ќе продолжи со практиката да не дава јавни изјави, во очекување на исполнувањето на потребните црковни процедури. Наполно согласна дека со гореспоменатата одлука, нашироко прифатлива, се исцели раната на постојниот раскол и дека мирот и единството на целата полнота се обезбедени, таа го чека дефинитивното регулирање на статусот на автокефалност и точното име на новата помесна Црква, доделена од надлежниот Свештен центар на Вселенската патријаршија, се наведува во објавата.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Граничниот премин Рафа меѓу Египет и Газа отворен за испорака на хуманитарна помош

Редакција

Груевски демантира дека се „пазарел“ за измените на Кривичниот законик

Редакција

(Видео) МВР апелира доколку граѓаните препознаат некој од хулиганите да пријави на 192

Редакција