еМагазин
Image default
Бизнис

Струмичка “Кладилница со ладилник“ лани со намалена добивка

Во периодот од 01.01 до 31.12.2022 година Кладилница со ладилник АД Струмица оствари позитивен финансиски резултат во износ од 520.200 денари, наспроти добивката од 536.916 денари за истиот период во 2022 година, информираат од Друштвото преку Македонската берза.

-Во структурата на вкупните приходи најголемо учество со 88% имаат приходите од продажба на домашен пазар. Вкупните оперативни приходи во периодот 01.01 до 31.12.2022 година се зголемени во однос на 2021 година. Вкупните приходи се зголемени за 49% во однос на истиот период за 2021 година.

Оперативните расходи се зголемени за 49% во однос на истиот период 2021 година. Зголемувањето на расходите се должи пред се на зголемените трошоци за суровини и материјали, останатите расходи од работењето, велат од Друштвото.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Аргир: Станбените кредити продолжија со супер динамика, кога ќе се земе предвид дека работиме во невидена криза

Редакција

ЈП „Пазаришта“ Куманово во првиот квартал со добивка од 830 илјади денари

Редакција

Макошпед со зголемена добивка во првите три месеци

Редакција