еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Пекарите чекаат одлуката за замрзнување на цената на лебот да излезе во Службен весник, па ќе го прекинат производството

Пекарската индустрија ќе причека да излезе во Службен весник владината одлука за замрзнување на цената на лебот, што беше донесена денеска.

Потоа, како што изјавија нејзини претставници за МИА, ќе се реализира најавата за прекин на производството.

-Се додека одлуката не излезе во Службен весник, не може да се операционализра и практично не е валидна, велат пекарите.

Според претседателот на Групацијата на мелничко  – пекарската индустрија, Горан Малишиќ, зад вчерашната одлука да се прекине производството и испораката на леб стојат сите членки. Одлуката е донесена едногласно.

-Вакви одлуки со замрзнување на цени не постојат никаде во ЕУ. Владата сака да создава слика дека помага социјално на граѓаните, ама таа помош да биде на товар или на штета на пекарската индустрија. Се надевам дека ваквите одлуки по овој 1 март ќе бидат веќе минато во Македонија, рече Малишиќ за МИА.

Премиерот Димитар Ковачевски и министерот за економија Крешник Бектеши денеска соопштија дека е донесена одлука да се замрзне цената на белиот и полубелиот леб на 33 денари, како и да се укине субвенционираата струја за компаниите од прехранбениот сектор.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Се укинува субвенционираната струја за компаниите од прехранбената индустрија и се замрзнува цената на лебот на 33 денари

МИА/Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Каков имот пријавил градоначалникот Јакимовски, кој заработи кривична за злоупотреба на службената должност и овластување

Редакција

Остро предупредување од потпретседателот на Европската комисија до Македонија за Договорот од Преспа

Редакција

Од Ковид-19 починале 13 лица, дополнително пријавени уште 5

Редакција