еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

САД бараат мирни и продуктивни односи меѓу Софија и Скопје и дава подршка за брзо зачленување на Македонија во ЕУ, вели Ескобар  

САД бараат мирни и продуктивни односи меѓу Софија и Скопје и даваат цврста поддршка за брзо зачленување на Македонија во ЕУ.

Габриел Ескобар, заменик-помошник државен секратар и специјален претставник на Стејт департментот за Западен Балкан, во изјава за МИА денеска рече дека „САД ќе подржат сѐ што ќе ги внесе (Македонците) во ЕУ брзо и мирно“.

-Продолжуваме да работиме со Владата на Северна Македонија за помош тие да ги остварат своите цели. Тие се исклучително добар НАТО сојузник и можам да ја уверам ЕУ дека тоа ќе бидат и како членка на Унијата. Продуктивна, сигурна и цврста членка на ЕУ, посочи Ескобар.

Рече дека двете земји, Македонија и Бугарија, се ценети партнери на САД и дека Вашингтон бара тие да имаат меѓусебни мирни и продуктивни односи.

Ескобар вчера учествуваше на средбата  на високо ниво меѓу претседателот на Србија, Александар Вучиќ, и премиерот на Косово, Албин Курти. На средбата учествуваше и Џозеф Борел, висок преставник на ЕУ за надворешни работи и безбедност.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вучиќ и Курти не се договорија во Брисел, дијалогот ќе го продолжат во Македонија

САД силно го поддржуваат дијалогот меѓу Србија и Косово модериран од ЕУ, иако Вашингтон не е вклучен во процесот на нормализација на односите меѓу двете страни, изјави Ескобар.

-Ние потполно и силно го подржуваме процесот, но не сме дел од него. Тоа е процес модериран од ЕУ и треба да биде модериран од ЕУ, но целосно го подржуваме, како политички така и финансиски, преку изградба на капацитети и други начини.

Ескобар потврди дека на средбата вчера, владите на Србија и Косово се договориле да се оди напред со предлогот на ЕУ за нормализација меѓу двете земји, кој опфаќа и признавање и регистрација на заедница на српски општини во Косово.

-Европскиот предлог не е за заемно признавање меѓу двете земји, туку за нормализација на односите меѓу Косово и Србија, рече Ескобар.

На прашање во врска со војната во Украина и колку таа криза влијае во ЕУ и на Западен Балкан, тој рече дека кризата во Украина е закана по европската безбедност.

-Кризата ги фокусира сите кон заканите по европската стабилност, внатрешни и надворешни, и кон проширување на трансатлантската безбедност… Србија потврди дека нивната конечна цел е да бидат дел од ЕУ, и мислам дека кризата влијае луѓето да се фокусираат да работат кон тоа ова да стане реалност, изјави Ескобар.

МИА/Фото: МНР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Германскиот пратеник Рот од Скопје: Уставните измени треба да се случат за да продолжат пристапните преговори со Унијата

Редакција

Запознајте го Гислан Кутар, францускиот автомеханичар кој стои зад идејата демонстратите во Франција да носат „жолти елеци“

Редакција

Кои се обичаите: Почнува рамазанскиот пост

Редакција