еМагазин
Image default
Бизнис

Реплек лани со добивка и зголемени приходи

Консолидираната оперативна добивка на Реплек АД Скопје лани изнесувала 104,8 милиони денари, информираат од компанијата преку Македонската берза.

-Оперативните приходи изнесуваат 1.370,1 милиони денари и се зголемени за 9%, а оперативните расходи изнесуваат 1.237,1 милиони денари и бележат зголемување од 9% во однос на истиот период претходната година.

Консолидираните приходи од продажба се зголемени за 3% во однос на истиот период минатата година.

Приходи од продажба по деловни сегменти: приходите на продажба на сегмент фармација бележат зголемување за 7% во однос на минатата година, приходите од продажба на странски пазар се зголемени за 9%, приходите од продажба на домашен пазар на сегмент фармација се зголемени за 3% во однос на истиот период минатата година, приходите на продажба кај трговија на разни стоки и угостителски услуги се намалени за 21% во однос на минатата година.

Приходи од продажба по географски сегменти: приходите од продажба на странски пазар со учество во вкупните приходи од продажба од 68% (2021: 64%) се зголемени за 9%, приходите од продажба на домашен пазар се намалени за 8% во однос на истиот период минатата година.

Консолидираната добивка пред оданочување изнесува 97,9 милиони денари и бележи намалување од 37% во однос на истиот период минатата година, поради зголемени трошоци за електрична енергија, амортизација и трошок за вработени, отпис на основни средства, велат од компанијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Владимир Пецовски и „Ситко Антонио“ купија акции во Реплек

“Реплек„ и продаде имот на „Кара“ за 88,5 милиони денари

„Реплек АД“ инвестира 43 милиони денари во фотоволтаична централа – 40% од потребите за електрична енергија од обновливи извори

Фото: Реплек

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кој е најголем донатор на ВМРО-ДПМНЕ и колкави приходи имала партијата лани

Редакција

„Бане Комерц Трејд“ купи акции во “Кристал 1923“

Редакција

Македонски Телеком со најголеми просечни брзини и најдобри резултати за вкупните перформанси на мрежата

Редакција