еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Облачно време денеска со повремени врнежи од дожд

Утрово температурите во земјава се над нулата. Во Охрид и Крушево се регистрирани 3 степени Целзиусови, 4 во Претор, 5 во Берово, Битола, Крива Паланка и Прилеп, 6 во Куманово, 7 Виница, 8 Скопје-Петровец и Дојран, 9 Штип и Гевгелија и 10 степени во Демир Капија.

За изминатите 24 часа најмногу наврнат воден талог до 7 часот (во l/m2) е измерен во Пожарање од 10 литри на метар квадратен, следат 6 во Скопје-Петровец и Охрид, 5 Куманово и Дебар, 4 Гевгелија, 3 Дојран и Крушево и 2 во Битола и Ѓуриште.

Висината на снежната покривка на Попова Шапка изнесува 12 сантиметри.

Како што соопшти Управата за хидрометеоролошки работи, денеска се очекува претежно облачно време со повремени врнежи од дожд, особено попладне и во текот на ноќта. Врнежите ќе бидат пообилни во западните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 8 до 14 степени.

Во Скопје ќе биде претежно облачно со повремени врнежи дожд, особено попладне и во вечерните часови. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе достигне 12 степени.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Доктор Пановски за СП: За да се прогласи крај на епидемијата треба да нема ниту еден нов случај 28 дена

Редакција

Медицинската сестра Нашиде Емини од „ГОБ 8 Септември“ почина како последица од компликации со Ковид-19

Редакција

22-годишното момче од Битола што почина од Ковид-19 имало прекумерна тежина, но немал хронични заболувања

Редакција