еМагазин
Image default
ЖИВОТ

22-годишното момче од Битола што почина од Ковид-19 имало прекумерна тежина, но немал хронични заболувања

Од Министерството за здравство за телевизијата Телма велат дека 22-годишниот пациент од Битола, кој се најде во вчерашната ковид-статистика бил со прекумерна тежина, но немал други хронични заболувања.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Најмладото на 22-годишна возраст: Од Ковид-19 починале 14 лица, дополнително пријавени уште 7

Не бил вакциниран, а три дена со ред се јавувал на лекар, веднаш откако добил позитивен резултат.

Бил позитивен на Ковид-19 од 9. октомври. На преглед отишол наредниот ден, на 10. октомври, на инфективното одделение во Битолската болница, немал знаци на пневмонија, имал температура, и му била препишана терапија за дома.

Бил на лекарски преглед и следниот ден на 11. октомври, а наредниот ден, на 12. октомври му биле закажани контролни анализи.

Истиот ден, на 12. октомври, поради влошување на рендгенолошкиот наодот и лабораториски анализи, бил задржан во болница. Бил ставен на кислородна поддршка и примал терапија.

Состојбата нагло му се влошила, по што починал.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Времето денеска сончево со мала облачност, температурата до 37 степени

Редакција

Најчестите поставувани прашања за коронавирусот и ризиците во бременоста

Редакција

Ковачевски ќе тера дневна шема за Нова година, па ќе прослави со семејството

Редакција