еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

(Фото) Вината на Бовин прогласени за вина со карактер и едни од најдобрите на светот во својата категорија

Македонската винарија Бовин постигна нов голем успех на 32-от реномиран интернационален вински натпревар Mundus Vini, кој се одржува во Германија, информираат од таму.

Престижното признание Gold оваа година Бовин го доби за две вина, вранецот “2012 My Way” и белото вино “2020 Platinium Chardonnay” во конкуренција на вина од целиот свет.

Вината на Бовин беа оценети како екстра квалитетни, со специфична арома, хармонизиран богат вкус, како вина со карактер кои оставаат силен впечаток кај консументите.

Вината се оценуваа според категоријата во која припаѓаат, потеклото, нивото на квалитет и вкус, и се евалуираа во согласност со стандардите за оцена на Меѓународната организација за вино (OIV), која е признаена и од Интернационалната Унија на Енолози (UIOE).

Меѓународното жири е составено од вински експерти од целиот свет, енолози, винопроизводители, професионални трговци со вино, сомелиери и стручни новинари од 40 различни земји, кои повеќе дена, на “слепо” дегустираат, евалуираат и оценуваат  вина од различни делови на светот, вина од познати вински региони од Австралија, Аргетина, Чиле, САД, Франција и многу други земји.

„Златен медал на Mundus Vini, најпрестижниот вински натпревар во светот е потврда дека и во Македонија можеме да создадеме врвен вински производ, кој може да биде конкурентен на светскиот пазар, па дури и повеќе од тоа. Истовремено е поврда дека винаријата Бовин во континуитет создава високо квалитетни вина направени за уживање. Со квалитетот никогаш не правиме компромис, и тоа ќе биде така и во иднина”, истакнаа од Бовин.

Mundus Vini, е основан од страна на Meininger Verlag и е едeн од најважните вински натпревари во светот.

Целта на натпреварот е да се промовира квалитет, и да им се овозможи на производителите, лозарите, увозниците и потрошувачите да учествуваат на еден интернационален форум, каде ќе можат да ги споредат своите вина, и да добијат вредно признание за вложениот труд.

Вообичаено вината кои стекнуваат признанија на Mundus Vini,, важат за високо квалитетни вина, и по добиените награди стануваат барани на светскиот пазар. За производителите тоа претставува силна препорака за освојувањето на конкурентниот вински пазар.

-Вранецот со етикета My Way од Бовин е направен од касна селектирана берба од 2012 година од сопствени дехидрирани гроздови од специфична локација на надморска височина од 700 метри.

Од лозови насади стари повеќе од 50 години, кои со годините мутирале и успешно се прилагодувале на сите временски услови, за да преку контролирана ферментација се добие полно вино, робусно, кое  веќе на прво мирисање предизвикува експлозија од комплексни ароми на црно зрнасто овошје, кое стимулира веднаш да се проба.

Го карактеризира вистинска топлина на овошје, во комбинација со чоколадни тонови, на вино одлежано во дабови буриња. Поради комплексноста се препорачува да се комбинира со силни црвени меса, и десерти од црно чоколадо, велат од Бовин.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Веро донира производи од еден милион денари за Клиниката за инфективни болести во Скопје

Редакција

Јани-Петери Паси е добитник на „Златна камера 300“ на 42. ИФФК „Браќа Манаки“

Редакција

„Арс Ламина“ и „Литература.мк“ донираат училишна опрема во рамките на акцијата „Среќна школска година“ на „Проект среќа“

Редакција