еМагазин
Image default
Македонија

Дојавувачите на бомби стануваат веќе и дрски, оти не можеме да ги откриеме, вели професорот Димовски

Дојавувачите стануваат веќе и дрски, оти не можеме да ги откриеме, па така имавме дојава за бомба и во претседателската резиденција, која е навистина обезбедувана. Тие едноставно сакаат ширење на тие гласини, а тие гласини веќе длабоко продираат во нашата свест, вели професор Злате Димовски од Факултетот за безбедност во интервју за Радио Слободна Европа (РСЕ).

-Навистина ова е голем проблем, за жал, ние се уште го немаме изнајдено соодветниот модалитет и затоа се уште имаме дојави. Затоа што не сме го нашле модалитетот, интензитетот на дојавите за бомби расте.

Тие се охрабрени дека не можеме да ги откриеме, не можеме да ги попречиме крајно, што и да ги откриеме, нам ни е да можеме нормално да си живееме, да ги немаме тие дојави за бомби и едноставно што не можеме да ги откриеме, тие продолжуваат со несмален интензитет, вели Димовски.

На прашањето дека неофицијално во Србија на ниво на држава било направено проценка дека дојавите за бомби не претставуваат безбедносен ризик и да не се информира јавноста за тоа и што мисли за таков принцип за справување, вели дека „овој принцип е добар, меѓутоа навистина би било надвор од разумот да го правиме тоа, кога на очиглед имаме дека тоа се случува пред нас“.

-Се случува кај популацијата која најмногу нè засега, кај нашите деца и во одредени јавни институции, и да јавиме и да не јавиме, најголемиот дел од граѓаните повторно ќе дознаат. Целта на оние што го прават ова е фактички добивање на повеќе гласност, таа фама да се шири, и едноставно да го постигнат тој ефект на страв.

Постигнат е тој ефект на страв и тие се охрабрени. Реков претходно кога веќе не можеме да ги откриеме, тие веќе се и дрски во своето настапување, па нели имавме дојава за бомба и во претседателската резиденција, што навистина е нешто што би значело дека е дрскост да дојавите таму за дојава за бомба, кога таа институција, тој простор навистина е обезбедуван.

Тие едноставно сакаат ширење на тие гласини, а тие гласини веќе длабоко продираат во нашата свест и со тоа постигнуваат одреден негативен психолошки ефект кај нас, вели професорот Димовски за РСЕ.

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Заев не очекува Иванов да даде нова аболиција, овој пат за „27 април“

Редакција

“Падна“ системот на Евзони, колони за влез и излез од Грција

Редакција

Останува забраната за групирање на повеќе од 4 лица

Редакција