еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

(Видео) Полицијата со шок бомби и солзавец ги растерува демонстрантите во Атина, кои протестираат поради железничката несреќа

Илјадници граѓани претпладнево се собраа пред грчкиот Парламент во центарот на Атина, за да го изразат нивниот протест за железничката несреќа во која животот го загубија 57 лица, но и да им одадат почит на загинатите, собир кој заврши со инциденти.

Група маскирани лица се одвои од останатите демонстранти и се судри со полицијата, која одговори со солзавец и шок бомби.

Протестот започна мирно и масовно, организиран од вработените во железницата, со поддршка од синдикатите, студентски здруженија, граѓански организации.

Демонстрантите, пуштија во воздух црни балони за да изразат почит за загинатите во несреќата.

Протести, освен во Атина, имаше и во Солун.

Железничката несреќа што се случи во вторникот вечера и е една од најголемите во Грција во изминатите 50 години, предизвика бурни реакции кај граѓаните кои континуирано организираат протести.

Паралелно шефот на железничката станица во Лариса кој беше уапсен за несреќата и судирот на двата воза во кој животот го загубија 57 лица, вчера беше изведен пред истражен судија, побара и доби уште еден ден за подготовка и се очекува денеска да даде исказ.

Уапсениот, се товари, меѓу другото и за убиство од небрежност, а неговиот адвокат, за грчките медиуми рече дека 59-годишниот, направил грешка, презема одговорност, но само за делот што се однесува на него.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

“Земски ангел“: Дваесетгодишен студент спасил дестина млади луѓе во железничката несреќа во Грција

МИА/Фото: МИА/Видео: Твитер/savvaskarma

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ДИК: Данела Арсовска пред Петре Шилегов, за Советот на Град Скопје најмногу гласови има ВМРО-ДПМНЕ

Редакција

39-годишна пациентка се обидела да се самоубие на Клиниката за гинекологија откако се породила

Редакција

(Видео) Изминаа 24 години: Атентатот на Киро Глигоров останува мистерија

Редакција