еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Градот Скопје утре ќе распише нов повик за вклучување на приватните автобуски превозници во јавниот превоз

Утре ќе биде распишан нов повик за вклучување на приватните автобуски превозници во јавниот превоз во главниот град, потврдуваат за МИА од Град Скопје.

Претходно, на 1 март од Град Скопје најавија дека ваков повик ќе биде распишан наскоро, но, тогаш нагласија дека „Слобода Превоз“ и „Макекспрес“ нема да може да учествуваат на него поради пречките кои произлегуваат од раскинатиот договор кој забранува учество на јавен повик доколку договорот биде раскине пред истекот и по нивна вина.

– Јавниот повик ќе ги содржи условите за аплицирање, како и во претходните два јавни повици, со тоа што ќе може да аплицира секој превозник кој планира чесно и одговорно да се држи до договорот за јавен превоз, посочија во тогашното соопштение од Град Скопје.

Од Градот напоменаа дека тие немаат никаков долг кон превозниците, а оти договорните одредби предвидуваат единствено услови за вршење превоз на територија на Скопје.

Од друга страна, во врска со долгот на ЈСП „Скопје“ кон приватните превозници, од Градот во соопштението посочија дека дека средствата ќе бидат исплатени согласно потпишаните договори, додека трае јавниот повик за нови договори за јавен превоз.

Фото: Град Скопје

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Флуид проект“ го доби тендерот на општина Аеродром за одржување фонтани вреден 97.000 евра

Редакција

Антикорупциска со иницијатива до Обвинителството за поведување кривична постапка против екс градоначалникот Георгиевски и актуелниот Садики

Редакција

(ФОТО) НБРМ се преименува во Народна банка на Република Северна Македонија

Редакција