еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

Мицотакис за железничката несреќа: Како премиер им должам на сите едно големо извинување

Како премиер им должам на сите, но пред сѐ на роднините на жртвите едно големо извинување. И лично и во името на сите кои со години владееја со државата.

Бидејќи, навистина, во Грција во 2023 година не може два воза да се движат во спротивни насоки по иста линија и никој да не го забележи тоа, напиша грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис на Фејсбук во однос на железничката несреќа во земјата.

Додаде дека не сакаат и не треба да се скријат зад човечка грешка. Тој истакна дека правдата ќе ја истражи трагедијата, а надлежниот министер ќе соопшти мерки „за итно подобрување на безбедноста на железницата додека да биде ставен во функција системот за дигитална контрола.“

Паралелно рече дека ќе им предложи да се обврзат, по изборите, да се формира специјална комисија која ќе ја истражи „болната историја на грчките железници во последните дваесет години“.

Во железничката несреќа што во вторникот вечерта се случи кај месноста Темпи во близина на Лариса, животот го загубија 57 лица.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Полицијата со шок бомби и солзавец ги растерува демонстрантите во Атина, кои протестираат поради железничката несреќа

“Земски ангел“: Дваесетгодишен студент спасил дестина млади луѓе во железничката несреќа во Грција

МИА/Фото: Фејсбук/Мицотакис

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Судот ги блокира сметките на клиниката Жан Митрев

Редакција

Осудениот Африм Исмаиловиќ за случајот „Монструм“ уапсен во Приштина по сообраќајна несреќа

Редакција

Убава вест: Оздравени 16 пациенти кои боледуваа од корона вирусот

Редакција