еМагазин
Image default
Бизнис

Велешки Димко Митрев лани со намалена добивка

Во периодот од 01.01 до 31.12.2022 година Димко Митрев АД Велес оствари нето добивка од 424 илјади денари и во однос на истиот период од предходната година е помала за 20%, информира Друштвото преку Македонската берза.

-Остварен е вкупен приход од 376.902 илјади денари и во однос на вкупниот приход во 2021 година е поголема за 1%.

По структурата на застапеност во вкупните приходи нај големо учество имаат приходите од странскиот пазар и тие учествуваат со 91%, приходите од домашен пазар со 4 % и други приходи со 5%.

Во остварените вкупни приходи најголем дел се остварени приходи од продажба на сопствени производи и услуги наменети за извоз кој редовно се наплаќаат.

Вкупните расходи изнесуваат 376.279 илјади денари и во однос на вкупните расходи во 2021 година се поголеми за 1%. По структурата на застапеност во вкупните расходи нај големо учество имаат трошоците за суровини и репроматеријали и изнесуваат 190.259 илјади денари и во однос на истиот период од предходната година се поголеми за 18%.

Трошоците за енергија изнесуваат 15.775 илјади денари и во однос на истиот период од предходната година се поголеми за 34% Трошоците за бруто плата на вработените изнесуваат 129.548 илјади денари и во однос на истиот период во 2021 година се поголеми за 20% и истите редовно се исплаќаат.

Во пресметковниот период од 01.01. до 31.12.2022 година вкалкулирани се нето плати во вкупен износ од 85.697 илјади денари и задолжителни придонеси за нето плата во износ од 43.851 илјади денари, велат од Друштвото.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Велешки Димко Митрев со намалена добивка во првите шест месеци

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Звучни имиња на најновата листа должници на УЈП

Редакција

Договор вреден 28,9 милиони евра склучи Дирекцијата за ТИРЗ со “Стентон градба“

Редакција

Од 1.мај влез во Грција без сертификат

Редакција