еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Индустриското прозводство во јануари се намалило за 2,3%

Индустриското производство во јануари годинава во однос на истиот месец лани бележи пад од 2.3 отсто, соопшти Државниот завод за статистика.

Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во јануари 2023 година, во однос на јануари 2022 година, бележи пораст од 2,4%, во секторот Преработувачка индустрија бележи опаѓање од 5 %, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација пораст од 23 %.

Намалувањето во секторот Преработувачка индустрија е резултат, пред сѐ, на намаленото производство во следните оддели: Производство на прехранбени производи, Производство на пијалаци, Производство на хемикалии и хемиски производи, Производство на производи од гума и производи од пластични маси, Производство на метали, Производство на фабрикувани метални производи, освен машини и опрема и Производство на моторни возила, приколки и полуприколки.

Според главните индустриски групи, производството во јануари 2023 година, во однос на јануари 2022 година, бележи пораст кај Енергија за 15,1 %, Трајни производи за широка потрошувачка за 9% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 6,2 %, додека опаѓање бележи кај Интермедијарни производи, освен енергија за 15,1 % и Капитални производи за 2,6 %.

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Утре замрзнување на цените на хигиенските производи, во текот на неделата и на дел од овошјето и зеленчукот

Редакција

(Видео) Крадци изнесуваат сеф: Објавена снимка од грабеж во маркет во скопско Црниче

Редакција

Нови 115 заболени од корона вирусот од 1.032 тестирања, најголем број во Скопје 53

Редакција