еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

На автопатот Тетово – Скопје удрена и усмртена мечка

Тетовската полиција информира дека 21-годишен возач со својот автомобил удрил и усмртил мечка и притоа е повреден.

Во СВР Тетово настанот е пријавен 40-тина минути по полноќ, а се случил на автопатот Тетово – Скопје.

-Пријавено е дека на автопатот Тетово-Скопје, во близина на Карпалак, патничко возило „фолксфаген поло“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 21-годишниот В.И. од Седларци, Општина Василево, удрило и усмртило мечка.

Во несреќата возачот се здобил повреди и бил пренесен во тетовската Клиничка болница за укажување на лекарска помош, информира портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.

На местото увид извршила екипа од Секторот за внатрешни работи Тетово.

МИА/Фото: Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Почна судењето за убиството на струмичанецот чие тело беше пронајдено во браната „Турија“

Редакција

Падна владата на Петков

Редакција

Хрватска го освои третото место на Светското првенство во фудбал

Редакција