еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

(Видео) Доналд Трамп е уапсен

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп денеска и формално е уапсен, јави Си-ен-ен.

Ова е преседан во американската историја, бидејќи за првпат некој поранешен американски претседател е уапсен за сторено кривично дело.

Скај Њуз пренесува дека на поранешниот претседател не му биле ставени лисици на рацете, на барање на неговото обезбедување од тајната служба.

Откако заврши овој дел од постапката, се очекува Трамп да се појави пред врховниот судија Хуан Марчан, каде треба да се изјанси за обвинението за давање поткуп во 2016 година, а потоа се очекува да биде пушптен да се брани од слобода и да замине на својот имот на Флорида.

Додека Трамп го чека своето сослушување во судницата на Менхетен, адвокатката за кривични дела Џули Ренделман изјави за Скај Њуз кажа дека „никогаш немаше да помислам дека ќе го доживеам овој ден“.

-Искрено не можам да верувам што се случува денес. Навистина не можам, додаде таа.

Си-ен-ен пренесе дека, додека со придружбата патувал кон судот од својот дом во Њујорк, во кулата „Трамп“, поранешниот претседател напишал куса изјава на својата мрежа „Вистина“, во која изрази неверување дека ќе биде уапсен.

„Изгледа надреално. (wow), Ќе бидам уапсен. Не ми се верува дека ова се случува во Америка…!”, напиша Трамп.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

За Трамп обвинението е политички прогон, „удри“ и по Сорос

За првпат во историјата на САД: Обвинение за Трамп за случајот со исплата на мито за порно актерката Дениелс  

МИА/Фото: Трамп/Фејсбук/видео: Fox news

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Најпознатиот стадион во светот – бразилска „Маракана“ станува болница

Редакција

Јанкулоска излезе од затвор за викенд и се сретна со Мицкоски, среде „војната“ со Груевски

Редакција

Промоција на нови дизајнери и занаетчии во „Лаб дизајн маркет“

Редакција