еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ ТОП СТОРИИ

(Фото) Балкански рис повторно „заловен“ од камерите на Националниот парк „Галичица“

Фото-камерите на Националниот парк „Галичица“ уште еднаш снимија примерок на балкански рис во атарот на паркот.

Последните три години ова е осми пат поставените фото-замки да снимат рис во паркот.

Според најавите од Националниот парк, во периодот што следува ќе бидат поставени дополнителни камери, за да се утврди бројноста на балканскиот рис и другите покрупни животни во паркот.

Истовремено се наведува дека ќе бидат засилени и мерките за заштита на живеалиштата на балканскиот рис и оние за спречување на криволов во Националниот парк.

Балканскиот рис по педесеттина години во 2020 беше првпат забележан во Националниот парк „Галичица“.

Поттикнати од појавата на рисот, Јавната установа Национален парк „Галичица“ во сороаботка со „МЕД/MES“ изминатите две години спроведоа мониторинг за утврдување на бројноста на срната и на дивата коза во паркот, како животински видови што се омилена храна на балканскиот рис.

МИА/Фото: НП Галичица/МЕД

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Македонската компанија ФХ3Х стана дел од светската групација Синесајт, во следните пет години планираат вработување на 120 лица годишно

Редакција

Нови 37 случаи на Ковид-19 од 3.143 тестирања

Редакција

Стадо диви свињи предизвикале сообраќајка: Македонска државјанка повредена близу Кукуш

Редакција