На дневен ред по скратена постапка денеска во Собранието се девет закони кои ќе се менуваат во корист на американско-турскиот конзорциум Бехтел и Енка, кој за 1,3 милјарда евра ќе ги гради автопатите на коридорите 8 и 10д.
За Бехтел и Енка, кој власта го прогласи за стратешки инвеститор ќе се менуваат законите за земјоделско земјиште, експропријација, заштита на културно наследство, урбанистичко планирање, минерални суровини, работни односи, законите за шумите и за градење, а ќе се менува и законот што овозможи без тендер да му се даде на американско-турскиот конзорциум да ги гради автопатите.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Бехтел и Енка, кој ќе ги гради автопатите, нема да плаќа данок, царина и акциза
Со законските измени, конзорциумот меѓудругото нема да плаќа данок, царина и акциза.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Катастрофални законски измени за работничките права заради Бехтел и Енка, реагираат од ССМ