еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Катастрофални законски измени за работничките права заради Бехтел и Енка, реагираат од ССМ

Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) во реакција на предложените законски измени поврзани со изградата на автопатите на коридорите 8 и 10 -д ги повика пратениците сериозно да размислат пред да го дадат својот глас за, како што наведуваат, катастрофaлните предлози за измени на закони по работничките права.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бехтел и Енка, кој ќе ги гради автопатите, нема да плаќа данок, царина и акциза

-Пратениците од владејачкото мнозинство сакаат прекувремената работа да може да трае и подолго од осум часа во текот на една недела, повеќе од осум часа во просек неделно во период од три месеци и повеќе од 190 часа годишно во случаите кога се работи за работи од национален и стратешки интерес за државата, по претходно дадена писмена согласност на работниците кои работат на проекти од национален и стратешки интерес, да немаат слободен ден и да работат во недела, соопшти ССМ.

Според ССМ, „Владата продолжува со намерата докрај да ги понижи македонските работници, да им го одземе достоинството и да ги направи робови во сопствената држава за сметка и интерес на странски компании и корпорации“.

На тој начин, велат од ССМ, не само што ќе ги одлее парите на македонските работниците и граѓани – даночни обврзници во странски компании, туку сака и да им овозможи на овие компании како Бехтел и Енка да ги преработат, преморат и изнемоштат работниците кои очигледно треба да им бидат не само робови туку и роботи.

-Спротивно на принципите на меѓународното трудово право, конвенциите на Меѓународната организација на трудот (МОТ), одлуките на Уставниот суд кој детално се произнесе по тие прашања и ги прогласи за неуставни одредбите од Законот за градба на автопатиштата од страна на Бехтел и Енка, каде што спротивно на сите правни правила и спротивно на здравиот разум сакаа тие работници да работат по 60 и повеќе часови, како и тоа што го апсолвираше прашањето за уставноста на одредбите на Законот за работните односи со кои недела е неработен ден, за пратениците предлагачи: Арбана Пашоли, Арбен Зибери, Арбер Адеми, Арта Биљали-Зендели, Бајрам Кадрија, Бедри Фазли, Берат Ајдари, Вјолца Адеми, Даниела Николова, Љатифе Шиковска, Мерита Колчи Коџаџику, Рина Ајдари, Фиснике Бектеши Шаќири, Халил Снопче овие Одлуки на Уставниот суд се ништо повеќе од тоалетна хартија и на мала врата по нивен предлог во понеделник, пратениците од владеачкото мнозинство сакаат прекувремената работа да може да трае и подолго од осум часа во текот на една недела, повеќе од осум часа во просек неделно во период од три месеци и повеќе од 190 часа годишно во случаите кога се работи за работи од национален и стратешки интерес за државата, по претходно дадена писмена согласност на работникот и работнциите кои работат на проекти од национален и стратешки интерес за Република Македонија, работниците да немаат слободен ден и да работат во недела, стои во соопштението од ССМ.

Потсетуваме, посочуваат од Синдикатот, дека еднаш веќе им го оспоривме и им го укинавме ова пред Уставниот суд. Национален и стратешки интерес на државата треба да биде да има здрави и добро платени работниците, да ги задржи работниците дома, а не да им дава билет во еден правец надвор од државата, зошто без работниците и граѓаните нема ниту пратеници, министри и функционери, а нема ниту држава, порачува ССМ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

“Република Бехтел и Енка Македонија“: Твитер реакции за законските измени за американско-турскиот конзорциум кој ќе ги гради автопатите

Македонското археолошко друштво за законските измени за Бехтел и Енка: Собранието менува закон во полза на бизнисот, а на штета на културното наследство

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Почна вакцинацијата против Ковид-19 во земјите од ЕУ

Редакција

Важи и за туристите: Во Грција од 15 јули повеќе привилегии за вакцинираните и тие што прележале Ковид-19

Редакција

„Еуроимпекс“ го доби тендерот на Државниот архив за набавка на автомобил вреден 17.000 евра

Редакција