еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Македонското археолошко друштво за законските измени за Бехтел и Енка: Собранието менува закон во полза на бизнисот, а на штета на културното наследство

Македонското археолошко друштво, археолошка фела и стручните лица во установите за заштита на културното наследство се целосно вчудоневидени од дрскиот Предлог на група пратеници во Собранието на Македонија за дополнување на Законот за заштита на културното наследство, кој се најде во собраниска процедура по скратена постапка. Ваквото законско решение е изработено без вклучување и консултирање на стручната јавност, реагираат од Македонското археолошко друштво.

Како што велат, со предложеното додавањето на еден став во член 65 од Законот се прави обид за целосно заобиколување на Министерството за култура, Управата и надлежните установи за заштита. Со предложените измени се овозможува бескрупулозно легално уништување на културното наследство во име на стратешко партнерство и јавен (бизнис) интерес, односно како што е наведено во предложениот текст во име на: „Ефикасна имплементација на Законот за утврдување на Јавен интерес и номинирање на стратешки партнер за имплементација на проектот за изградба на инфраструктурниот Коридор 8 (Делница: Тетово – Гостивар – Букојчани и проектот за автопатот Требеништа – Струга – Ќафасан) и Коридорот 10 д (Делница на автопатот Прилеп– Битола)‟.

– Апсурдот да биде поголем, понатамошното образложение на Предлогот гласи: „Меѓутоа, нивната реализација може да се соочи со потешкотии поради обврските кои настануваат за изведувачите на работите при наоѓање на археолошко наоѓалиште, односно предмети од археолошко значење во текот на изведување на градежните работи‟, па господата пратеници измислиле „решение со кое го надминуваат проблемот‟, а кое е надвор од секакво здраворазумно однесување на совесни граѓани на оваа држава, уште помалку на пратеници, велат од таму.

Македонско археолошко друштво смета дека пратениците, отворено и без нималку свест и совест за културните вредности на државата, бараат да се занемари заштитата на културното наследство која како темелна вредност е од исто толку голем јавен интерес за државата и нејзините граѓани и се остварува задолжително на територија на целата држава, без исклучок.

Оттука, потенцираат тие, не смеат да се дозволат какви било отстапки и законски процедури со кои остава простор за уништување на културно наследство, без разлика на инвеститорот и стратешкиот интерес.

– Во името на Македонското археолошко друштво и целокупната стручна фела го повикуваме пратеникот Арбер Адеми, како овластен предлагач, и останатите пратениците предлагачи итно да го повлечат предложеното дополнување на Законот, а Владата да не дозволи заради бизнис интересите на одредени политички дисиденти да биде инвеститор во уништувањето на заедничкото културно наследство кое треба да го оставиме на идните генерации.

Воедно апелираме до пратениците во Собранието на РС Македонија да ја разбудат својата свест и совест, да го спречат донесувањето на криминални и штетни измени во Законот за заштита на културното наследство, се вели во реакцијата.

Утре во 10 часот, пред Собранието, Македонското археолошко друштво јавно ќе го искаже својот револт од Предлогот на пратеничката група за измени во Законот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бехтел и Енка, кој ќе ги гради автопатите, нема да плаќа данок, царина и акциза

“Република Бехтел и Енка Македонија“: Твитер реакции за законските измени за американско-турскиот конзорциум кој ќе ги гради автопатите

Катастрофални законски измени за работничките права заради Бехтел и Енка, реагираат од ССМ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Казни за 517 лица за неносење маски во текот на изминатото деноноќие

Редакција

„Вардар градба“ го доби тендерот за изградба на канализација во Индустриската зона Визбегово вреден 2,3 милиони евра

Редакција

Владата ќе продолжи да го субвенционира парното греење во Скопје до крајот на кризната состојба

Редакција