еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Русија почна воени вежби во водите во Арктикот

Русија почна воени вежби во нејзините води во Арктикот, во кои учествуваат 1.800 војници, повеќе од десетина бродови и 40 авиони и хеликоптери.

Северната флота на руската морнарица соопшти дека вежбите ќе се фокусираат на заштитата на „безбедноста на руската трговска морнарица и поморските патишта, како што е Североисточниот премин“.

Се очекува вежбите да траат неколку дена. Координацијата меѓу воздушните, морските и копнените сили ќе биде ставена на тест, се вели во соопштението на Северната флота.

Североисточниот премин минува долж северниот брег на Русија.

За Русија, преминот е важен за да може полесно да извезува суровини што земјата ги произведува на Далечниот север, на пример природен гас, кој понатаму се транспортира во течна форма од полуостровот Јамал, во северозападен Сибир.

Со цел да го потврди своето право на поларниот регион, Москва формираше единици специјализирани за борби на Арктикот пред повеќе од 10 години.

МИА/Фото: Руско министерство за одбрана

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео+фото) Одбележани „100 години македонска авијација“, изложено и првото летало „Илинденка“

Редакција

Во Бугарија се преврте автобус со деца од Србија, четворица потешко повредени

Редакција

Јовески бара построги казни од обвинителите за недозволено поседување и трговија со оружје

Редакција