Објaвен е трејлерот и музиката за македонскиот филм „Гласот на тишината“/Rebirth: Voice of silence на Илија Павлов.
Станува збор за прв игран долгометражен филм на Павлов, за кој автор на музиката е полскиот композитор Tadeusz Wnuk, познат како HEYHATO.
Филмот имаше европска премиера на CINEDAYS, Фестивалот на европски филм, а светската премиера беше во рамките на ИФФК „Браќа Манаки“ во Битола.
Проекцијата на првиот долгометражен филм на Павлов можеше да се проследи во Кинотека, Котур и 3Д кино Битола, а како што информира авторот, во моментов се договара и негова интернационална дистрибуција.
Освен во Скопје и во Битола, најавува проекции и во други кина, за да може да биде достапен на поширока публика.
Павлов во моментов работи на својот втор долгометражен филм насловен „Емил, врти се“.
Фото/видео: Промо