еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Директорот на Агенцијата за млади и спорт, Мојсовски поднел тужба за клевета против Антикорупциска

Директорот на Агенцијата за млади и спорт (АМС), Наумче Мојсовски поднел тужба за клевета против Државната комисија за спречување корупција (ДКСК).

Во тужбата, како што кажа претседателката на ДКСК, Билјана Ивановска на денешната седница, Комисијата се товари дека јавно објавувала информации за директорот на АМС.

-Станува збор за предмет кој во континуитет се работи две години. Го изанализиравме функционирањето на АМС во целина, дадовме препораки кои директорот не ги реализира, рече Ивановска.

Членот на ДКСК, Владимир Георгиев посочи дека фактите во извештајот на ДКСК за директорот на АМС, што се изнесени на една од претходните седници на Комисијата, се засноваат на факти за работењето на директорот доставени од Агенцијата или од други надлежни институции.

Членот на ДКСК, Нури Бајрами, пак, посочи дека не му е јасно како едно службено лице не препознало дека седниците на ДКСК се јавни и дека Комисијата е можеби потранспарентна од тоа што е предвидено со закон.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Разрешување на Наумче Мојсовски и замрзнување на доделувањето спортски ваучери, побара Македонскиот олимписки комитет

Антикорупциска бара кривично гонење на Наумче Мојсовски, директорот на Агенцијата за млади и спорт

МИА/Фото: Фејсбук/Мојсовски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

77-годишна неподвижна старица загина во пожарот во Требеништа

Редакција

Џафери и пратениците кои во скафандери гласаа во Собранието, нема да одговараат кривично

Редакција

Вучиќ отвори нова дилема: Груевски влегол во Албанија легално или нелегално?

Редакција