еМагазин
Image default
Локално

Дванаесет странски државјанки од кои пет без регулиран престој откриени во угостителски објекти во Охрид

Во акциска контрола на подрачјето на СВР Охрид вчера во два угостителски објекат откриени се 12 странски државјанки од Русија, Украина, Србија и Албанија. Пет од нив биле без пријавен престој во земјава.

Во угостителските објекти, Трудовиот инспекторат констатирал неправилности поради што ќе следат соодветни санкции.

Од Министерството за внатрешни работи денеска информираа дека странските државјанки се предадени на Одделението за странци и реадмисија при РЦ за ГР Запад за понатамошна постапка.

Петте лица се изведени пред судија за прекршоци и согласно одредбите од Законот за странци изречена им е глоба и мерка протерување на странец од земјава.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Татко со нож му нанел повреди на синот во угостителски објект на Бит-пазар

Редакција

Тешко повреден малолетник по удар од „Мерцедес“

Редакција

Косовар се обидел да силува малолетник во Росоман

Редакција