еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Васко Стефанов ја презеде функцијата директор на ЕСМ

Денеска во просториите на АД ЕСМ се одржа чинот на примопредавање на должноста генерален директор. Новоименуваниот генерален директор Васко Стефанов ја презеде функцијата од досегашниот генерален директор Васко Ковачевски.

Во срдечна атмосфера, си посакаа многу успех и ефикасно справување со предизвиците што претстојат, информираат од ЕСМ.

„Чест ми е што сум именуван за нов генерален директор на АД ЕСМ. Денес имав продуктивна средба со досегашниот генерален директор Васко Ковачевски. ЕСМ ќе продолжи  посветено и транспарентно да се подготвува за следната грејна сезона,” изјави генералниот директор Стефанов.

Васко Стефанов е новиот генерален директор на АД ЕСМ, откако досегашниот директор Васко Ковачевски ја депонираше својата оставка.

Надзорниот одбор на АД ЕСМ ја констатираше оставката на Васко Ковачевски од должноста член и претседател на Управен одбор, со назив генерален директор, а за нов член и претседател на Управниот одбор и генерален директор на АД ЕСМ, по препорака на Владата, го избра Васко Стефанов.

Стефанов, на новата позиција доаѓа со претходно искуство од АД Водостопанство и АД Пошти на Македонија, каде што бил генерален директор.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Каков имот пријавил Васко Стефанов новиот директор на ЕСМ

Каков имот пријавил Васко Ковачевски кој поднесе оставка од директорското место во ЕСМ

Фото: ЕСМ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Прв лет Софија-Скопје на 11 февруари, а редовни летови од март, најавува бугарскиот министер Сабев

Редакција

УЈП со кривични пријави за затајување на данок против неколку фирми поврзани со Боки 13

Редакција

Во нацрт-заклучоците на Европскиот совет, засега нема ништо за разговорите Скопје-Софија

Редакција