еМагазин
Image default
Бизнис

Македонија осигурување ад Виена Иншуренс Груп со зголемена добивка во првите шест месеци

Македонија осигурување АД Виена Иншуренс Груп во периодот од јануари – јуни 2022 година оствари позитивен финансиски резултат во износ од 42.4 милиони денари, информираат од компанијата преку Македонската берза.

„Во истиот период 2021 година финансискиот резултат изнесуваше 35.1 милиони денари.

Во второто тромесечие 2022 во однос на истиот период 2021 година има зголемување кај вкупните приходи и кај вкупните трошоци.

Вкупните приходи во 2022 година се зголемени за 4,8% додека вкупните расходи бележат зголемување од 3.3%.

Зголемувањето е приходите се должи на бруто полисираната премија и приходи од вложувања. Најголемо движење во вкупните трошоци бележат настанатите штети и останати осигурително технички трошоци“, велат од компанијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Промени во Управниот одбор на Македонија Осигурување Скопје – Виена Иншуренс Груп

Македонија осигурување Виена иншуренс груп ќе дели дивиденда

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Производството на зеленчук зголемено за 84%

Редакција

Која фирма донирала за претседателската кампања на Бујар Османи

Редакција

ФЗЦ „11 Октомври“ лани во загуба од 53 милиони денари

Редакција