еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

(Фото+Видео) Чудо во градежништвото: Пуштен во употреба Пељешки мост во Хрватска

Во Хрватска официјално во функција е пуштен Пељешки мост, па граѓаните од југот, во близината на Дубровник нема да мора да поминуваат граница за да влезат во сопствената држава.

Грандиозен и убав по својот изглед, долг е 2.404 метри и широк 20 метри, а се градеше четири години. Мостот се состои од 13 делови, 6 армирано-бетонски столбови од 33 метри и 4 ленти.

Проценетата вредност на проектот е 420 милиони евра, од кои ЕУ кофинансирала 330 милиони евра или 78,5 отсто.

Во проектот учествувале 18 проектантски и консултантски компании, 45 градежни компании од ЕУ, 112 глобални добавувачи на опрема и материјали, а изграден е од Кинези. Според пишувањата на хрватските медиуми, ниту коронавирусот не ја успорила изградбата, а Кинезите се покажале максимално професионални.

Пељешки мост е најголем хрватски инфраструктурен проект финансиран од ЕУ-фондови а на тој проект кој траел една деценија работеле неколку влади.

Синоќа беше неговото свечено отворање, а прв мостот го помина автомобилот „невера“ на Мате Римац.

Видео: Total Croatia News/ Фото: Фејсбук/Пленковиќ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Денеска Парада на гордоста во Скопје

Редакција

(Фото) Кои се двајцата пратеници болни од Ковид-19 кои во скафандери гласаа во Собрание

Редакција

Чаир, Аеродром, Гази Баба, Кисела Вода остануваат на врвот по број на активни случаи со Ковид-19 во Скопје

Редакција