еМагазин
Image default
Македонија

Сведочење на пратеникот Мемеди: Постои сценарио за настаните од 27 април во Собранието

Пратеникот Весел Мемеди кој во Кривичен суд сведочи за настаните од 27 април во Собранието рече дека додека Зекирија Ибраими од БЕСА ја пеел албанската химна добил порака од пријател со содржина „што прави овој и дали е нормален“ на што одговорил дека „не е од тука и дека сето ова е сценарио“.

– За ова сум сигурен и да ме прашаш по 15 години ќе кажам и лично сум убеден дека тоа беше сценарио. Тоа го знам зошто јасно видов дека пред пратеникот од БЕСА да добие збор, за збор се пријавија Артан Груби и Џевад Адеми, а додека тој ја пееше химната пратениците од ВМРО-ДПМНЕ ги стишуваа луѓето во салата за повеќе и јасно да се слуша албанската химна, рече Мемеди.

Откако Ибраими заврши со пеењето на албанската химна, додаде, Крсто Мукоски ја пееше македонската химна по што заврши пленарната седница.

– Вељаноски ја затвори седницата, а ние останавме во салата и мнозинството пратеници одлучи да избере претседател на Собранието. Откако го избравме претседателот се качивме во прес-салата. Се сеќавам дека некој кажа да ги извадиме вратоврските зошто може да не дават со сопствените вратоврски. Еден од пратениците од СДСМ зборуваше по телефон и ни кажа дека сме сами и дека полицијата не доаѓа. Тогаш сите сами инстиктивно почнавме да правиме нешто да се заштитеме, рече Мемеди и додаде дека од што бил збунет цело време рацете му биле в џеб и дека ниту еден предмет не го погодил него.

Јас, посочи, не се плашев толку на почетокот, но кога влегоа лицата со фантомки веќе не знаев што ќе ни се случи и што ќе биде. Тврди дека видел човек со црна маица и брада како ја држи раката зад грб и држи пиштол.

Потоа дошол човек од обезбедувањето кој им рекол да ги извади од прес-салата по што Џевад Адеми посочил да се тргне кон фоајето со рацете на глава затоашто очекувале дека  ќе ги нападне толпата.

– Лицата од толпата што беа на вратата почнаа да викаат – еве ги тука се, по што човекот од обезбедувањето го извади пиштолот и излеговме. Јас и Адеми отидовме во амбулантата заедно со еден новинар. Таму повторно ни рекоа дека не е безбедно и се качивме во една од канцелариите каде останавме се додека не не извади полицијата и не однесе во касарната во Ѓорче Петров, рече Мемеди.

На прашање од одбраната дали видел пластичен или вистински пиштол, Мемеди рече дека не експерт и дека не може да каже точно.

– Но ако вака поставуваме хипотетички прашања може и јас да прашам што барал пластичен пиштол во прес-салата во Собранието на 27 април, праша Мемеди.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Намалување од 39,7%: За една недела 2.076 нови случаи на Ковид-19

Редакција

Има 2 нови кластери: 17 новозаболени од корона вирусот во кумановско

Редакција

Плочата за АСНОМ во манастирот „Св. Прохор Пчињски“ за Илинден била привремена

Редакција