еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Законите за коридорите 8 и 10д ќе се носат со европско знаменце

Владата на денешната седница донесе нови пет предог-закони за коридорите 8 и 10д кои ќе бидат доставени до Собранието со европско знаме. Како што соопшти првиот заменик на претседателот на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби, целта на новите законски решенија е побрза и поевтина изградба на коридорите.

Од пратениците сега зависи, рече Груби, дали изградбата на коридорите ќе биде побрза и поевтина или побавна и поскапа.

Тој воедно ја повика опозицијата да прекине со блокадите на законските решенија зашто со тоа, рече, се ставаат во заложништво 150 милиони евра од граѓаните и се загрозуваат националните стратегиски проекти поради дневно-политичка агенда.

-Наместо проектот да чини скоро 1,5 милијарди евра со сегашното домашно законодавство, актуелно, има можност да чини 1,3 милијарди евра со поефикасен систем не само за овој проект на изградба на коридорите 8 и 10 д, туку за сите идни национални стратешки проекти.

За да се реализира тоа беа поднесени осум предлог-закони кои опозицијата ги блокира со што стави во заложништво и две години од животот на граѓаните. Замоливме да се доуредат овие закони, а нив не ги бараат ниту „Бехтел“, ниту Енка, ниту двете заедно, туку ги бараме ние како институции, Владата, пратениците, јавните претпријатија и индустријата, за поефикасен систем на градење.

Увидувајќи ја очигледната бпокада и заложништвото на законите од опозицијата и имајќи ги предвид интересите на граѓаните, Владата денеска усвои пет предог-закони кои ќе ги достави до пратениците.

Со оглед дека ЕУ го додаде на мапата коридори и Коридорот 8 и со оглед на неговото геостратешко значење, заедно со коридорот 10д, како и поради тоа што долго во јавноста се води дебата, одлучивме законите да се предложат со европско знаме.

Пратениците да се откажат од блокади и да не ги поскапуваат автопатиштата за над 150 милиони евра и да не ги загрозуваат националните стратегиски проекти поради политичка агенда, истакна Груби.

Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски порача дека веќе нема време за калкулации кои патишта ни се повеќе потреби, но едно е јасно: или ќе бидеме крстосница и главна европска рута на Балканот или ќе останеме обиколница.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

За членовите на Одборот на директори на Трготекстил малопродажба лани потрошени 900 илјади денари

Редакција

Бранимир Јовановиќ застана зад Тевдовски: Мислев дека „метлата“ требаше да ги фати оние кои местеа милионски тендери

Редакција

Тодор Петров: Џафери манипулира, не се откажуваме од референдумот за името

Редакција